Комплексот на Вили „ЈАГОДА“ се наоѓа на околу 2 км или 30 мин. Пешачење од центарот на Боровец. Има 40 вили од фински тип: 5 луксузни, 10 со сопствена сауна и 25 без сауна. Сместувањето е за максимум 4 лица (можно е дополнително легло или бебешко креветче).
Комплексот располага со ресторан, каде можете да уживате во вкусни јадења, богата избор на пијалоци и пријатна атмосфера: дневна со 1 двојно или 2 единечни легла, дел за седење, гардероба, телевизор и Wi-Fi;
мала спална со две легла на спрат, удобни и за возрасни; кујна со шпорет, фрижидер и лавабо, опремен со основните садови за готвење, чинии, чаши и прибори; бања со туш и тоалет; 10 од вилите се луксузно опремени; 10 од вилите имат сопствена сауна; тераса со масичка
Дополнителни услуги: заедничка сауна, телевизија, пинг понг и тенис, игралишта за фудбал или ракомет, фудбал на мали голови, игралиште за одбојка, кошарка, бадминтон, стритбол, детски игралишта, велосипеди и ролери под наем за возрасни, велосипеди и баги за најмалите, бесплатен паркинг
Комплексот на вили МАЛИНА е непосредно до комплексот ЈАГОДА- во прекрасна борова шума. Центарот е на околу 2 км или 30 мин пешачење.
Комплексот располага со 28 дрвени двокатни куќички , полски тип, во кои можат да се сместат до 6 лица. Секоја куќичка располага со две оделни спални соби, што го прави МАЛИНА место за одмор на поголеми семејства и група пријатели.
Сите вили се двокатни и располагаат со:
2 спални соби со 1 двојно и 2 единечни легла на вториот кат; хол со телевизор, гардероба, дел за седење со диван на растегнување и 1 дополнително легло; кујна со маса со 6 столици, шпорет, фрижидер, лавабо, опремена со сите неопходни садови и прибори; бања со санитарен јазол и туш-кабина; тераса со масичка
Во цените е вклучено: wi-fi, употреба на сауна на рецепција, игри, паркинг, и игралиште на рецепција
- Доплата за појадок: возрасно лице 7еур на ден, дете од 4-12,99год 0 4еур на ден
- Доплата за Полупансион: возрасно лице 19еур на ден, дете од 4-12,99 – 10еур на ден
- Задолжителна новогодишна вечера: возрасен 70еур, дете од 4-12,99год – 35еур
- Задолжителна божиќна вечера: возрасен 30еур, дете од 4-12,99год – 15еур
- Дозволени се миленичиња – 8еур на ден
- Бебешко креветче – бесплатно
- Минимум престој од 3 ноќевања
Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 1,5еур за помалку од 4 ноќевања, или 1еур по лице на ден за повеќе ноќевања.
Политика на отказ на резервација:
- До 10 дена пред пристигање – без пенали, по овој период 1 ноќевање пенали,
- за Божиќниот и Новогодишниот период до 20 дена пред пристигање – без пенали, по овој период 2 ноќевања пенали