Хотелот Royal Park & Spa е лоциран на 1.2 км гондолата или на само неколку миниту со бесплатниот транспорт кој го нуди за госисте и на 1.5 км од центарот на Банско. Гостите на хотелот може да уживаат во прекрасната панорамска гледка над планината Пирин, да се релаксираат во големиот Спа центар и да уживаат во бугарска и меѓународна кујна. За гостите е на располагање и бесплатен паркинг пред хотелот.
Хотелот е составен од хотелски и апартмански дел. Хотелскиот дел се состои од двокреветни соби и фамилијарни соби. Апартманскиот дел се состои од студиа и фамилијарни апартмани. Спа центарот се наоѓа во хотелскиот дел, а апартманскиот дел не е поврзан со топла врска со спа центарот, односно гостите кои се сместени во апартманскиот дел го користат спа центарот на хотелот.
Сите соби се опремени со бесплатен Wi-FI интернет, телевизор со LCD екран, минибар и модерно купатило со туш кабина. Распространети во 5 згради сите соби имаат тераса со поглед кон градот и кон планината.
Спа центарот се наоѓа во основната зграда и располага со: сауна, базен, релакс зона, парна бања и фитнес кои се бесплатни за гостите.
Во цените е вклучено:
- употреба на базен, сауна, парна бања, релакс зона, превоз до гондолата, паркинг, интернет.
Новогодишната вечерa е задолжителна за гостите во хотелската зграда.
Божиќната вечера не е задолжителна.
Полупансионот не се служи на 31.12.2021, наместо вечера, ќе се служи ручек до 17:00ч.
ДОПЛАТИ:
- -Доплата за полупансион – возрасен 10еур, дете од 6-11,99год 5еур
- -Доплата за Се вклучено – возрасен 22еур, дете од 6-11,99год – 20еур
- -Доплата за Новогодишна вечера – 70еур возрасен, 35еур дете од 6-11,99год
- -Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 1еур – за престој од 4 ноќевања па нагоре
- -Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 2еур – зa престој од 1-3 ноќевања
- -Дете од 0-1,99год – не плаќа такси
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
Во соба е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)