Iglika Palace Hotel 4*

You are currently viewing Iglika Palace Hotel 4*

Хотел Иглика Палас 4* се наоѓа на 100м од жичарата и на 200м од центарот, веднаш наспроти Хотел Рила, со локација лесна за пристап и до жичарата и до центарот на Боровец.

Хотелот располага со менувачница, ресторан, лоби бар, паркинг, фитнес, сауна, базен, соларуим, масажи, медицински центар.

Собите располагаат со телефон, ТВ, минибар, тоалет.

 

 

Во цените на хотелските соби е вклучено: употреба на базен, нова сауна, арома сауна, парна бања, паркинг, интернет во лоби и рецепција, закуска од 16-17часот: кафе, чај и слатки.

Попустот за рана резервација не е валиден за Новогодишните празници.

Бебешко креветче – бесплатно на барање во двокреветните соби, бебешко креветче во еко собите не е возможно.

(Реновираните соби се со тотално реновирани тоалети, променет под) лобито и ресторанот исто така проширени со нов концепт, израден нов велнес и спа центар со финска сауна, хербална сауна, парна бања, амам, фитнес и масаша, протеин бар)

 

 

 

Политика на отказ на резервација:

  • доцен отказ во сезона А, Ц, Д и Е до 7 дена пред пристигање без пенали, потоа- 2 ноќевања пенали,
  • сезона Б до 20 дена пред пристигање без пенали, потоа- 100% пенали
  • Непојавување во хотел: во сезона А, Ц, Д и Е – 2 ноќевања пенали, сезона Б – 100% пенали

 

 

  • -Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 1еур
  • Задолжителна ресортска такса 0,6еур по лице на ден
  • -Дете од 0-1,99год – не плаќа такси

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

Во соба е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)