Apart-Hotel MUJEN LUX Wellness & Spa 4*

You are currently viewing Apart-Hotel MUJEN LUX Wellness & Spa 4*

На над 2000 метри надморска височина, во тивок дел на Копаоник, се наоѓа  MujEn Lux. Опкружен со недопрена природа, чиј поглед започнува секој ден со задоволство, ќе ви овозможи врвен одмор на Копаоник. Тие се наменети за сместување на повремени патници, скијачи, студенти, ученици, вљубени парови, љубители на планина, неразделни пријатели, работни колективи и семејства. Опремени да ви понудат луксуз, функционалност и удобност истовремено, апартманите MujEn Lux, по првиот престој, стануваат место кое го сакате и место во кое секогаш се враќате.

Wellness & Spa центарот овозможува целосна релаксација, ментално одвојување од секојдневниот стрес. Со релаксирачка музика и примамлив мирис на есенцијални масла, изберете масажа што ќе ве релаксира и ќе го осветли денот. Во пријатен ориентален амбиент, можете да ја подобрите виталноста на целото тело со голем избор на масажи. Опуштете го вашето тело и зајакнете го вашето здравје во инфрацрвена и финска сауна, џакузи, парна бања, затворен базен или на тепидариум со поглед на долината.

Заокружете го идеалниот ден уживајќи во ресторанот MujEn со избрани автентични кулинарски специјалитети со внимателно зачувани традиционални кулинарски елементи. Богати ароми, уникатен вкус на јадења што ја следат секоја сезона дава посебна нота во елегантен амбиент со прекрасен поглед на падините на Копаоник.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА 7 НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ

 

 

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања во избраниот апартман
  • услуга на полупансион (појадок и вечера) на база шведска маса. Напомена: во случај на помалку од 25 гости во хотелот, сервирањето е на сет мени.
  • неограничено користење на Спа и Велнес центарот кој се простира на 450м2 и содржи: затворен базен со џакузи, финска сауна, инфрацрвена сауна, арома турка бања, тепидариум клупи, солена соба. (Третмани на тело и масажи дополнително се резервираат и дополнително се наплаќаат)
  • бесплатен превоз до центарот на Копаоник 5 пати на ден
  • бесплатна интернет конекција
  • бебешко креветче на барање

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса во износ од 1еур за возрасени 0,50еур за деца од 7-11.99год, по ден, деца под 7 год не плаќаат
  • Осигурување – 30дин по лицена на ден, за возрасни и деца

Check in: 14h, Check out: 10h.

 

Услови за деца: 

  • Дете од 0-1,99год – бесплатно
  • Дете од 2-11,99год – со 2 родитела – добива попуст од 50%
  • Две деца од 2-11,99год со 2 родитела – секое дете има попуст од 50%
  • Доплата за еднокреветна соба – +30% на вкупната цена од цената за 1 лице.

 

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН НА ДЕН

Во цената е вклучено:

  • Завршно чистење, струја, вода, греење, постелнина и пешкири
  • Превоз до ски стазите во одредено време со термини за време работењето на жичарата
  • користење на спа и велнес центарот во главната зграда на Мујен
  • Бебешко креветче (треба да се резервира предвремено)

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса во износ од 1еур за возрасени 0,50еур за деца од 7-11.99год, по ден, деца под 7 год не плаќаат
  • Осигурување – 30дин по лицена на ден, за возрасни и деца

Доплати(незадолжителни):

  • Услуга на полупансион: 20еур по лице, деца од 2-11,99год – 10еур на ден
  • Оброците можат и поединечно да се калкулираат: 7еур појадок, 13еур вечера, или 3,5еур за појадок и 6,5еур за вечера за деца од 2-11,99год
  • Напомена: во случај на помалку од 25 гости во хотелот, сервирањето е на сет мени.

Политика на отказ на резервација: 

  • До 45дена пред пристигање – 5% пенали
  • Од 44-30дена пред пристигање – 10% пенали
  • Од 29-20 дена пред пристигање -20% пенали
  • Од 19-15 дена пред пристигање – 40% пенали
  • Од 14-10 дена пред пристигање – 80% пенали
  • Од 9-6 дена пред пристигање – 90% пенали
  • Од 5-0 дена пред пристигање – 100% пенали

 

После потврда на резервација, истата моѓе да се промени, само со согласност на хотелот.