Состанок на групата во 05:30 часот пред Т.А. Тим Травел (Комплекс Безистен). Поаѓање во 06 00 часот за Грција – Свети Ахил , преку граничен премин Меџитлија.
Пристигнување на островот Агиос Ахилеос (Св. Ахил ) во подоцните утрински часови. Свети Ахил — остров во Малото Преспанско Езеро со должина од околу 1.700 метри. Островот Свети Ахил, кај што се наоѓа истоимената црква, бил седиште на Самуиловото македонско царство.
За островот Свети Ахил се врзани различни настани од бурната македонска историја. Но најважно за нас Македонците е тоа што на островот Свети Ахил се наоѓала престолнината на цар Самоил, градот Преспа. Тука Самоил ја изградил и прекрасната катедрална, соборна црква „Св. Ахил“.
Поаѓање на групата кон Албанија – преку граничен премин Кристалопиги. Пристигнување во Поградец – во југоисточниот дел на Република Албанија и е сместен покрај Охридското езеро. Слободно време за индивидуален разглед на центарот на градот, посета на пазарот како и прошетка покрај езеро.
По завршување на прошетката и индивидуалниот шопинг се упатуваме на ручек во Тушемиште – село сместено на самата граница (г.п. Свети Наум) каде се наоѓаат извори кои се слични на изворите на Црн Дрим во Св. Наум но во помал обем.
По завршувањето на ручекот во Тушемиште се упатуваме кон Свети Наум. Слободно време за разглед на манастирскиот комплекс и кратка пауза. Во попладневните часови поаѓање кон Битола, патот води преку Охрид – Ресен.
Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува
Превоз на горенаведената релација
(Битола – Св. Ахил – Поградец – Тушемишта – Св. Наум – Битола)
Oрганизација, водство и реализација на аранжманот.
Предлог места за ручек во Тушемиште
Rritja e Koranit
Restorant Piceri Dante
НАПОМЕНА :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата!!!