AquaSun Hotel & SPA 3*

You are currently viewing AquaSun Hotel & SPA 3*

Семеен хотел, новоотворен Март 2021 година.
Хотелот има вкупно 20 соби, двокреветни, студио, апартман
СПА центар: базен 20х8 метри со топла минерална вода (30, област за хидромасажа, детски базен, финска дрвена сауна, парна бања, солена соба и билкова сауна, фитнес…..
Стилскиот и пријатен ресторан нуди квалитетна храна подготвена со домашни производи од регионот. Ресторанот има 40 места.

Сместување:

Двокреветна соба   (15м²)
Студио   (40-45м²)
Апартман   (60м²)

Во собите: кабловска телевизија, безжичен интернет, клима уред, биро, гардеробер, фрижидер, тоалет со туш, бањарка, крпи…

Поглед: Град или двор

 

Цените се по соба на ден – ноќевање со појадок

сместување м2 капацитет во соба цена
Двокреветна делукс-без балкун 15 2 64
Еднокреветна 15 1 51
1 возрасен+1 дете /4-11,99г/ 15 2 59
Двокреветна делукс-со балкун 15 2 72
Еднокреветна 15 1 58
1 возрасен+1 дете /4-11,99г/ 15 2 66
Студио супериор без балкон 2+0 / 2+1 / 2+2 / 3+1 40 2+2 / 3+1 84
Студио супериор со балкон 2+0 / 2+1 / 2+2 / 3+1 40 2+2 / 3+1 95
Апартман делукс  4+0 / 4+1 / 4+2 / 5+0 / 65 5+0 / 4+2 154

 

Цените се во €, се плаќа во денари, 1 € = 62 денари

 

За сместување во деновите од викендот /петок – сабота/ минимум 2 ноќевања.
Доплата за вечера / сет мени/ 13€ за возрасен, 10€ за дете до 11,99 години.
Сите горенаведени цени важат за сместување во периодот од 01.03.2022 до 22.12.2022 година.

Цени на ДЕН за СОБА и вклучуваат:
Ноќевање појадок

Користење:
Базен 20х8 м. со топла минерална вода (30°С), со дел за хидромасажа
Детски базен
Финска дрвена сауна
Парна бања
Солена соба
Билкова сауна
Паркинг
Туристичка такса

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување

Превоз
Масажа
Неспомнати услуги

Информации:
Прием на собата по 14:00 часот

Напуштање на собата до 12:00 часот
Рецепцијата работи од 08;00-20;00 а на гостите им се дава чип карта за влез и излез
Ресторанот не работи за време на ручек

 

 

 

УСЛОВИ НА ХОТЕЛОТ И АГЕНЦИЈАТА 

  • ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА И ЗА ГОСТИНОТ:
    За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  • Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
    Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )
  • Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
  • Сите посебни потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
    Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
  • Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
    Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.
  • Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
    Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име помалку од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
    Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
    Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
    Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
    Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
    Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
    За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
    Хотелот не прима домашни миленици
  • Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.
  • Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
  • Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.
  • Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.
    Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
  • Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали
  • Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.
  • При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот. Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
  • Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.