Паралија – Вила Атина

You are currently viewing Паралија – Вила Атина

ПАРАЛИА е сместена во прегратките на планината на 12-те богови Олимп и претставува прекрасна комбинација на планината и морето. Паралиа е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во пријатната медитеранска клима и убавата долга плажа. Не може да не се споменат и локалните продавници кои располагаат со голем спектар на подароци, туристички материјали и продавници за кожа, накит, облека, итн. Градот исто така е познат и по ноќниот живот со безброј барови, таверни, ресторани и ноќни клубови кои ја комплетираат туристичката понуда на локацијата и ветуваат дека ќе го направат вашиот одмор незаборавен.

ВИЛА АТИНА се наоѓа на самото шеталиште измеѓу првата и втората улица оддалечена 30 метри од плажа, сместена во самиот центар. Собите немаат поглед кон море, сите соби гледаат кон друга вила. Во нејзина близина има продавници, пекара, гиро, таверни, ресторани, LIDL маркет на 250м оддалеченост, продавници за облека, продавници за украси, бижутерија итн.

Секоја соба располага со опремена кујна, фрижидер без комора, тоалет,ТВ. Користењето на клима уредот не е вклучено во цената ( 6 евра на ден – се плаќа на лице место )

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • -Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

(првите два и последните два термина се промо цени, и не подложат на попуст и се резервираат со 50% аконтација)

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  31.01.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2025

-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2025

GPS Координати: 40°15’54.4″N 22°35’48.1″E

адреса: Agiou Nikolaou 40

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Паралија чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа: 

  • -Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 45€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола  – 45€
  • -Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 55€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -55€ по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -55€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансвер) се реализираат со патнички возила или комбe

  • – Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
  • – Деца до 1,99 години бесплатно

 Време на поаѓање превоз од Битола за Паралија:

  • -04:00 h Битола (автобуска станица Транскоп на перон )
  • -03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)