Сивири – Вила Сиртаки

Сивири – Вила Сиртаки

Сивири е туристичко место кое се наоѓа во југозападниот дел на Касандра Полуостров во Халкидики, меѓу Kassandria и Fourka околу 82 км од аеродромот во Солун.
Тоа е добро позната по својата добро организирана плажа  и по богатата флора. Сивири има се што еден посетител може да побара за да ужива во својот одмор од таверни и барови до пазар и летно кино. Главна атракција е амфитеатарот на Свири со врвна акустика кој е домаќин на познатиот Сивири летен фестивал И привлекува илјадници посетители.

Сивири располага со добро организирана плажа со фин песок која е совршен за сончање, а морето е плитко и е идеално за безбедно пливање. Во Сивири има многу таверни кои служат свежа риба, морски плодови и скара на жар меѓу другото. Постојат неколку мини маркети а од неодамна и Masoutis супермаркет.

Вила Сиртаки е лоцирана во во Сивири, на околу 50 метри од хотелот Џени и околу 200 метри од плажа. Располага со 1/3 и 1/2+2 апартмани сместени на 1ви кат, со голема и комплетно опремена кујна, бања, ТВ и клима уред.

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ  https://goo.gl/maps/qX3iLbnZ2GC2

* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)

* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Употребата на клима уред е бесплатна во објектот (каде што е достапен).
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од  сопственикот на објектот.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)    

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.102, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2020 година, или до објава на нов ценовкик. 
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. 
– Доплата на аранжманот се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.