Лептокарија – Вила Ерато

Лептокарија – Вила Ерато

Вилата Ерато се наоѓа на главната улица I.Metaxa, која заврршува пред градската плажа и шеталиштето во Лептокарија, оддалеченa е само 50м од песочната плажа. Објектот располага со вкупно 23 студија, распоредени на приземје и 3спрата. Дворното место е плочник и има надворешен тоалет со туш, погоден за последниот ден кога странките го напуштаат објектот, односно собите. 

* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac+) во ERATO се доплатува во објектот (3-5€/на ден, каде што е достапен).
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.102, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2020 година, или до објава на нов ценовкик. 
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. 
– Доплата на аранжманот се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 

Легенда:
DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.