Вила Асимина – Пефки

You are currently viewing Вила Асимина – Пефки

Островот Евија е втор по големина остров во Грција. Се протега по брегот на Беотија и Атика од северните споради до островот Андрос во близина на Киклади. Главниот град на Халкидис е еден од највлијателните антички градови. Пефки се наоѓа на северниот раб на Евија, преку островот Скијатос. Се карактеризира со песочна плажа, долга 4 километри, чисто и мирно море, поволни климатски услови, богата со флора и фауна. Близината на Атина е предност за сите оние што сакаат да се запознаат со грчката престолнина.

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која  преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море е право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со барови со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај  плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

GPS: 39.00457819256661 23.206762075424194

Вила Асимина А категорија – е мала вила на самиот морски брег, Вилата нуди трокреветни студија. Сите соби  се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасно уредено дворно место , опремено со маси и столици со поглед на заливот во Пефки, скали за влез во море  дирекно пред вилата, како и плажа во непосредна близина. Воедно добивате и крпи на користење. Структура на кревети: 1/3 STD= брачен кревет + единечен

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

ПРОМО АРАНЖМАНИ: 

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.05.2021

ВИЛА АСИМИНА – ПЕФКИ – ЕВИА
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Термини Ноќевања 1/2 Студио 1/3 Студио
20.05-27.05.2021 7 59 промо 69 промо
27.05-03.06.2021 7 79 промо 89 промо
03.06-10.06.2021 7 99 промо 109 промо
10.06-17.06.2021 7 139 промо 149 промо
17.06-24.06.2021 7 199 219
24.06-01.07.2021 7 239 249
01.07-08.07.2021 7 269 279
08.07-15.07.2021 7 289 319
15.07-22.07.2021 7 309 339
22.07-29.07.2021 7 329 359
29.07-05.08.2021 7 339 359
05.08-12.08.2021 7 339 359
12.08-19.08.2021 7 339 359
19.08-26.08.2021 7 309 329
26.08-02.09.2021 7 279 309
02.09-09.09.2021 7 249 269
09.09-16.09.2021 7 209 239
16.09-23.09.2021 7 159 промо 179 промо
23.09-30.09.2021 7 109 промо 119 промо
  • Автобуски превоз од Скопје, Велес, Кавадарци – 50еур по лице / Прилеп, Битола 40еур по лице/Охрид, Струга 55eur и Кичево 60еур
  • Деца од 2-11,99год – Скопје, Велес, Кавадарци -40еур, Прилеп, Битола – 40еур/ Охрид, Струга 45eur  и Кичево 50еур
  • За уплата на 2 или повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите НЕ може да се комбинираат.
  • Првите 4 термини и последите 2 термини се ПРОМО и не подложат на попуст.

 

Автобуски превоз

Автобускиот превоз е организиран со високотуристички лиценцирани автобуси со клима, тв, и придружник на патвањето. Поаѓањето започнува од Скопје, преку Велис и Битола, Кожани и Лариса, при што патувањето се скратува за стотина километри. Организирани трансфери од останати градови со доплата.

 

Време на поаѓање превоз Евиа:
00:00 h Скопје (Дрводекор) патува преку Битола
00:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
23:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Велес и Битола
01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола
03:00 h Битола (Пред спортска Сала)

02.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
01.00 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
01:00 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција: Пефки 14h  по МК време.

Локација