Вила Анемос – Пефки

Вила Анемос – Пефки

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која  преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море е право место за вистински одмор.

По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини…

Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со барови со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај  плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни.

Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција.

Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

Вила Анемос А категорија –  е прекрасно испланирана градба од најмодерен тип. Се наоѓа на 150 м од море, и е опкружена со борови и маслинки. Вилата нуди двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, како и четворокреветни и петтокреветни апартмани.

Сите единици се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасен двор опремен со маси и столици, тревник, како и скара која е на располагање на гостите. Воедно добивате и крпи на користење.

25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.12.2019

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2020

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2020

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2020

ВИЛА АНЕМОС – ПЕФКИ – ЕВИА
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Термини Ноќевања 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Студио
21.05-28.05.2020 7 39 промо 49 промо 59 промо
28.05-04.06.2020 7 59 промо 69 промо 79 промо
04.06-11.06.2020 7 79 промо 89 промо 99 промо
11.06-18.06.2020 7 109 промо 119 промо 129 промо
18.06-25.06.2020 7 169 179 189
25.06-02.07.2020 7 199 209 219
02.07-09.07.2020 7 229 239 249
09.07-16.07.2020 7 249 259 279
16.07-23.07.2020 7 259 269 299
23.07-30.07.2020 7 279 299 319
30.07-06.08.2020 7 289 299 319
06.08-13.08.2020 7 289 299 319
13.08-20.08.2020 7 289 299 319
20.08-27.08.2020 7 259 269 289
27.08-03.09.2020 7 239 249 269
03.09-10.09.2020 7 209 219 239
10.09-17.09.2020 7 179 189 209
17.09-24.09.2020 7 129 промо 139 промо 159 промо
24.09-01.10.2020 7 89 промо 99 промо 109 промо

 

Структура на кревети:

  • 1/2+1 STD = брачен кревет + помошен   1/3 STD= брачен кревет + единечен  1/3+1 STD = брачен кревет+ единечен кревет + помошен кревет
  • 1/4 STD = брачен кревет  + 2 единечни кревети  1/4 APT = брачен кревет + 2 единечни кревети (во друга просторија)
  • 1/4+1 APT = брачен кревет + 2 единечни кревети + фотеља на отворање

Автобуски превоз:

  • од Скопје, Велес, Кавадарци – 50еур по лице,
  • Прилеп, Битола 40еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Скопје, Велес, Кавадарци – 35еур, Прилеп, Битола – 25еур

Попуст од 10 еур за лица повозрасни од 63год – само за Прилеп и Битола

За уплата на 2 или повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите НЕ може да се комбинираат.

Првите 4 термини и последите 2 термини се ПРОМО и не подложат на попуст. Кај термините со 39еур е задолжителен автобуски превоз.

Автобускиот превоз е организиран со високотуристички лиценцирани автобуси со клима, тв, и придружник на патувањето. Поаѓањето започнува од Скопје, преку Велес и Битола, Кожани и Лариса, при што патувањето се скратува за стотина километри. Организирани трансфери од останати градови со доплата.

Време на поаѓање превоз Евиа:
00:00 h Скопје (Дрводекор) патува преку Битола
00:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
23:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Велес и Битола
01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола
03:00 h Битола (Пред спортска Сала)

02.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
01.00 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
01:00 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција: Пефки 14h  по МК време.