Виена

You are currently viewing Виена

Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.

1 ДЕН (29.12.’18 – сабота) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 12.00 часот. Поаѓање за Австрија во 12.30 часот…патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Будимпешта…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.’18 – недела) : ВИЕНА Пристигнување во Виена во утринските часови…разглед на градот со стручен водич… Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… факултативна посета на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка…сместување во хотел во касните попладневни часови. Вечерта – можност за ноќна прошетка низ Виена, разглед на градот, кој е прекрасно украсен воочи дочекот на најлудата ноќ…Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.’18 – понеделник) ВИЕНА Појадок. По појадокот – заминување во еден од најголемите трговски центри SCS Shopping Center (преку 300 продавници и бутици)…слободно време за шопинг. Во попладневните часови – заминување за Виена, слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг на позната шопинг улица Mariahilfer strasse…враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за одмор. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019.ГОДИНА !!!Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.’19 – вторник) : ВИЕНА Појадок. По појадокот, факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците, прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…посета и разглед на Божиќниот базар кој се наоѓа во дворот од дворецот…поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…денско и ноќно патување со кратки попатни  одмори.

5 ДЕН (02.01.’19 – среда) БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :           9.190,00 ден. (148 €)

8.590,00 ден. (138 €) за УПЛАТА во целост до 10.11.2019 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација, разглед на Виена со стручен водич, 2 НП во хотел со 3* во околина на Виена (OEKOTEL-Traiskirchen, www.oekotel.com; ), организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Замокот Шенбрун – 25 € по лице – (минимум 25 лица, влезница со водич) –препорака, Дунавската кула – 15 € по лице (минимум 25 лица) – препорака.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.12.2018

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови на Т.А ТИМ ТРАВЕЛ