Филип Втори Македонски 30 (Комплекс - БЕЗИСТЕН)   + 389 47 242 084   + 389 75 307 973 / 075 307 983       info@timtravel.mk

Трикала – Метеори

Трикала – Метеори

Сеуште не сте решиле што да правите за време на Новогодишните и Божиќните празници ?

Ве водиме на најубавиот Божиќен парк во градот Трикала кој што се наоѓа во Централна Грција

+ Посета на Метеори – Рај од природата, манастири поставени на високи камени столбови, комплекс кој никого не остава рамнодушен.

Овие области се убедливо идеални дестинации за време на зимската сезона.  Толку многу активности кои што ќе го напрват вашето патување уникатно и овие празници ќе бидат најсреќните моменти во вашиот живот заедно со вашите најмили !

Ќе доживеете еден најбајковит, најволшебен и најсладок Божиќ во работилницата на џуџињата. Тука вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадо, да се фотографираат со џуџињата , да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така и возрасните би биле импресионирани со забавниот парк. Во работилницата на џуџињата во ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки…

Програма на патувањето

Состанок на групата во 07 00 часот на паркингот пред спортска сала Младост. Патување преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи. Посета на Метеори и работилницата за икони. Комплексот манастири е ставен под заштита на УНЕСКО, бидејќи претставуваат вистинско светско наследство. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир, и дел од тие служат како туристичка атракција. Овие манастири се многу популарни за туристите, а овде е сниман и дел од филм со Џејмс Бонд.

Продолжуваме кон Трикала – каде што ќе ја почувствувате магијата за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата.

Цена за возрасни – 799 денари

Цена за деца до 10 години – 599 денари

 

Во цената е вклучено

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус / минибус
  • Посета на Трикала
  • Посета на Метеори

Во цената не е вклучено

  • Влезница во манастир во Метеори
  • Патничко осигурување

Повеќе...

Close Menu