Ставрос – Апартхотел „Alexander Inn“

Ставрос – Апартхотел „Alexander Inn“

Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите.

Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири…

Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк,мало пристаниште, банка… Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан  и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија  на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект  е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Локација на објектот 

https://goo.gl/maps/X4rLTGSpKjy

-15% попуст за целосна уплата до 31.01.2020

Апартхотел „Alexander Inn” – Ставрос
Термин: Ноќевања: 1/3 студио  (паркинг) 1/3 студио ( базен)
26.0505.06.2020 10 200 (12.400 ден.) 220 (13.640 ден.)
05.0615.06.2020 10 280 (17.360 ден.) 300 (18.600 ден.)
15.06-25.06.2020 10 330 (20.460 ден.) 350 (21.700 ден.)
25.06-05.07.2020 10 430 (26.660 ден.) 450 (27.900 ден.)
05.07-15.07.2020 10 530 (32.860 ден.) 550 (34.100 ден.)
15.07-25.07.2020 10 580 (35.960 ден.) 600 (37.200 ден.)
25.07-04.08.2020 10 580 (35.960 ден.) 600 (37.200 ден.)
04.08-14.08.2020 10 580 (35.960 ден.) 600 (37.200 ден.)
14.08-24.08.2020 10 580 (35.960 ден.) 600 (37.200 ден.)
24.08-03.09.2020 10 480 (29.760 ден.) 500 (31.000 ден.)
03.0913.09.2020 10 430 (26.660 ден.) 450 (27.900 ден.)
13.09-23.09.2020 10 280 (17.360 ден.) 300 (18.600 ден.)

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  •  Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)