Потребни документи за Австралиска туристичка виза

Потребни документи за Австралиска туристичка виза

Потребни документи за Aвстралиска туристичка виза

Од гаранторот

————————–

  1. Статутарна декларација( во која изјавува дека ке ги сноси сите тошоци за Вашиот престој таму и гарантира дека ке ја напуштите Австралија пред истекот на визата) или (спонзориран посетител )
  2. Банковен биланс(од банката за висината на примањата заштедевина )
  3. Фотокопија за Австралиско државјанство и пасош
  4. Изводи од матична книга на родени ако сте во сродство
  5. Покана за закажана свадба или друг повод (доколку има)

 

Од поднесителот

—————————

  1. Формулар (се пополнува во агенција)
  2. Четири фотографии на бела позадина
  3. Пасош + Фотокопија заверена на нотар
  4. Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски)
  5. Ако посетувате близок роднина (родител,брат,сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени
  6. Потврда од работа за редовен работен однос М1/М2( да биде наведено од кога и на кое работно место работите)и користење на платен/неплатен одмор
  7. Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата.
  8. Потврда за примањата за последните 3 месеци
  9. Уверение за семејна состојба заверена на нотар (во агенција)
  10. Уверение за поседуван имот ( тапии, сообракајна книшка…)
  11. За ученици и студенти потврда од училиште/факултет или индекс, како и одобрено отсуство
  12. За пензионери – чек од последната пензија
  13. Потврда од банка за заштедевина
  14. Венчаница не постара од 4 недели (преведен на англиски јазик)
  15. Потврда од работа за редовен работен однос (од брачниот другар) и висина на примањата
  16. Извод на родени за малолетни деца
  17. За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување
  18. Резервација на повратен авио билет

Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик треба да се приложат со оверен превод.

 

Уплата од 6.200,oo MKD на сметка на Австралиска амбасада Белград (износот е променлив!)

За посредување и изработка на документација 3.200,oo денари

Документите се поднесуваат во Австралиска Амбасада во Белград.