НоВа ГоДиНа 2022 – БУДВА

You are currently viewing НоВа ГоДиНа 2022 – БУДВА

1 ден: четврток (30.12.2021)
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: петок (31.12.2021)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Кратка пауза и можност за фотографирање на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Сместување во вила во Будва. Слободно попладне.

Во вечерните часови, се упатуваме на градскиот плоштад каде што ќе ја дочекаме Новата 2022 Година. Во договорено време, враќање во вилата. Ноќевање.

3 ден: сабота (01.01.2022)
Предлагаме факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е град на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Враќање во апартманите. Слободно време за одмор. Ноќевање.

4 ден: недела (02.01.2022)
Одјавување од вилата. Поаѓање кон Бар. Бар е крајбрежен град на Јадранското Море во Црна Гора со население од 40.000 жители (според пописот во 2011 година). Градот претставува административно седиште на истоимената општина и главно пристаниште во Црна Гора. Бар се наоѓа спроти Бари во Јадранот,па оттаму и името “Антивари”. Името Бар, пак, е скратената верзија. Тука се наоѓаат најстарите пишани документи и најзначајните дела од средновековната црногорска литература и историја. Градов бил седиштето на најстарата верска установа во Црна Гора, Барската архиепископија. Се смета дека Старата маслинка во Мировица е стара над 2 000 години, што ја вбројува меѓу најстарите маслинови дрва во Европа. Бар привлекува голем број туристи. Со во просек 270 сончеви денови годишно, Бар е еден од најсончевите градови на Медитеранот.Слободно индивидуално време за прошетка низ Бар. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 59 ЕВРА

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • – Превоз со високотуристички автобус
  • – 2 ноќевања во Будва (апартманско сместување)
  • – Посета на Бар
  • – Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • – Целодневна факултативна посета на: Котор, Херцег Нови, Тиват (Порто Монтенегро) – 20 евра
  • – Туристичка такса 2 евра по лице
  • – Патничко осигурување

Трансфер од Битола (бесплатен)

Трансфер од Охрид, Струга, Ресен

(10 Евра по лице се плаќа на лице место во автобус- во случај на реализација на патувањето преку граничен премин Ќафасан Доплата нема да има-зависи од бројот на пријавени патници)

 

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Се патува со лична карта или пасош
– За ова патување потребен е сертификат за вакцинација или негативен антиген тест
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТИМ ТРАВЕЛ