Никиана – Вила Порто Фино

You are currently viewing Никиана – Вила Порто Фино

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави.

Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажи на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус.

Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани  студија за 3 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!

– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии (максимум капацитет 3+1дете до неполни 6год кое спие со родители) 
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Климата е со доплата 5 Еур/ден.

Првите три и последните два термина се промо цени и на нив не следува никаков попуст

  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ  https://goo.gl/maps/r4UTVFpUSL32

 

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Датуми 1/3
24.05.2023 – 31.05.2023
31.05.2023 – 07.06.2023
07.06.2023 – 14.06.2023
14.06.2023 – 21.06.2023
21.06.2023 – 28.06.2023
28.06.2023 – 05.07.2023
05.07.2023 – 12.07.2023
12.07.2023 – 19.07.2023
19.07.2023 – 26.07.2023
26.07.2023 – 02.08.2023
02.08.2023 – 09.08.2023
09.08.2023 – 16.08.2023
16.08.2023 – 23.08.2023
23.08.2023 – 30.08.2023
30.08.2023 – 06.09.2023
06.09.2023 – 13.09.2023
13.09.2023 – 20.09.2023
20.09.2023 – 27.09.2023

Превоз

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-55€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -55€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -60€ по лице
  • -Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -65€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -60€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

 

Време на поаѓање за Лефкада:

  • -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • -01:45 h Велес (бензинска пумпа, Makpetrol кружен тек) трансфер до Битола
  • -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    -04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • -02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести само дете до 1,99год
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

GPS: 38°45’19.1″N 20°43’10.4″E