Филип Втори Македонски 30 (Комплекс - БЕЗИСТЕН)   + 389 47 242 084   + 389 75 307 973 / 075 307 983       info@timtravel.mk

Неос Мармарас – Вила ,,Alcano”

Неос Мармарас – Вила ,,Alcano”

Ново во нашата понуда – Вила Alcano која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2019 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Alcano е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос МармарасAlcano“. Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена:

Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. 

Локација на објектот

https://goo.gl/maps/PeveNzna4iT2

-15% попуст за целосна уплата до 31.01.2020 

Вила „Alcano” – Неос Мармарас
 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/2 студио

1/2 студио (море)  

1/3 студио

 

1/3 студио (море)

20.05-30.05.2020 10 180 (11.160 ден.) 200 € (12.400 ден.) 230 (14.260 ден.) 270 (16.740 ден.)
30.05-09.06.2020 10 220 (13.640 ден.) 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.) 320 (19.840 ден.)
09.06-19.06.2020 10 270 € (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 330 (20.460 ден.) 370 (22.940 ден.)
19.06-29.06.2020 10 320 € (19.840 ден.) 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.) 420 (26.040 ден.)
29.06-09.07.2020 10 420 € (26.040 ден.) 450 (27.900 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.)
09.07-19.07.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
19.07-29.07.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
29.07-08.08.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
08.08-18.08.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
18.08-28.08.2020 10 470 € (29.140 ден.) 500 (31.000 ден.) 530 (32.860 ден.) 570 (35.340 ден.)
28.08-07.09.2020 10 370 € (22.940 ден.) 400 (24.800 ден.) 430 (26.660 ден.) 470 (29.140 ден.)
07.09-17.09.2020 10 270 € (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 330 (20.460 ден.) 370 (22.940 ден.)
17.09-27.09.2020 10 220 € (13.640 ден.) 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.) 300 (18.600 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)
 

Close Menu