Неос Мармарас – Вила ,,Mersinis”

Неос Мармарас – Вила ,,Mersinis”

Вилата „Mersinis“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија  има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство…

Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“.

Совршена локација за летно уживање!

Гостите кои ќе летуваат во вилата „Mersinis“  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени.

Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата „Mersinis“  има шест четирикреветни апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас.

Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација на објектот

https://goo.gl/maps/GqARW8saZE72

 

-15% попуст за целосна уплата до 31.01.2020 

Вила „Mersinis” – Неос Мармарас
Термин: Ноќевања: 1/2+2 апартман 1/2+3 апартман
20.05-30.05.2020 10 190 (11.780 ден.) 220 (13.640 ден.)
30.05-09.06.2020 10 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.)
09.06-19.06.2020 10 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.)
19.06-29.06.2020 10 400 (24.800 ден.) 430 (26.660 ден.)
29.06-09.07.2020 10 500 (31.000 ден.) 530 (32.860 ден.)
09.07-19.07.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
19.07-29.07.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
29.07-08.08.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
08.08-18.08.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
18.08-28.08.2020 10 600 (37.200 ден.) 630 (39.060 ден.)
28.08-07.09.2020 10 490 (30.380 ден.) 520 (32.240 ден.)
07.09-17.09.2020 10 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.)
17.09-27.09.2020 10 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)