Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрат и со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Локација на објектот
https://goo.gl/maps/qKmECSqro122
Вила „Maria Pashalidou” – Нea Рода | |||
Термин: | Ноќевања: | 1/3 апартман | 1/5 дуплекс апартман |
26.05-05.06.2022 | 10 | 280 € (17.360 ден.) | 340 € (21.080 ден.) |
05.06-15.06.2022 | 10 | 340 € (21.080 ден.) | 400 € (24.800 ден.) |
15.06-25.06.2022 | 10 | 400 € (24.800 ден.) | 500 € (31.000 ден.) |
25.06-05.07.2022 | 10 | 450 € (27.900 ден.) | 600 € (37.200 ден.) |
05.07-15.07.2022 | 10 | 500 € (31.700 ден.) | 650 € (40.300 ден.) |
15.07-25.07.2022 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
25.07-04.08.2022 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
04.08-14.08.2022 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
14.08-24.08.2022 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
24.08-03.09.2022 | 10 | 500 € (31.000 ден.) | 600 € (37.200 ден.) |
03.09-13.09.2022 | 10 | 400 € (24.800 ден.) | 500 € (31.000 ден.) |
13.09-23.09.2022 | 10 | 320 € (19.840 ден.) | 420 € (26.040 ден.) |
- – Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- – Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)