Филип Втори Македонски 30 (Комплекс - БЕЗИСТЕН)   + 389 47 242 084   + 389 75 307 973 / 075 307 983       info@timtravel.mk

Неа Рода – Вила „Anastasia“

Неа Рода – Вила „Anastasia“

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини.

Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…

Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата  Voulitsa.

Атрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети.

Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 

Вилаta „Anastasia“ e лоцирана во строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс  апартмани на прв спрат. Имаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација на објектот

https://goo.gl/maps/EkNNNt2JTKH2

 

Вила „Anastasia” – Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/3 студио 1/4+1 апартман 1/7+1 апартман
26.0505.06.2019 10 12.400 ден (200 €) 15.500 ден (250 €) 18.600 ден (300 €)
05.0615.06.2019 10 16.740 ден (270 €) 19.840 ден (320 €) 22.940 ден (370 €)
15.06-25.06.2019 10 19.840 ден (320 €) 26.040 ден (420 €) 29.140 ден (470 €)
25.06-05.07.2019 10 22.940 ден (370 €) 32.240 ден (520 €) 38.440 ден (620 €)
05.07-15.07.2019 10 26.040 ден (420 €) 35.340 ден (570 €) 41.540 ден (670 €)
15.07-25.07.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
25.07-04.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
04.08-14.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
14.08-24.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
24.08-03.09.2019 10 26.040 ден (420 €) 32.240 ден (520 €) 35.340 ден (570 €)
03.0913.09.2019 10 19.840 ден (320 €) 26.040 ден (420 €) 29.140 ден (470 €)
13.09-23.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €)

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Close Menu