Неа Рода – Апартхотел „Lazaridis“

Неа Рода – Апартхотел „Lazaridis“

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат.

Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море.

Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција).

До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

Локација на објектот

https://goo.gl/maps/XiM27B9HNDk

-15% попуст за целосна уплата до 31.01.2020

Вила „Lazaridis” – Нea Рода
 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/2 студио

 

1/2+1 студио

26.05-05.06.2020 10 200 (12.400 ден.) 220 (13.640 ден.)
05.06-15.06.2020 10 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.)
15.06-25.06.2020 10 320 (19.840 ден.) 350 (21.700 ден.)
25.06-05.07.2020 10 390 (24.180 ден.) 420 (26.040 ден.)
05.07-15.07.2020 10 460 (28.520 ден.) 480 (29.760 ден.)
15.07-25.07.2020 10 530 (32.860 ден.) 560 (34.720 ден.)
25.07-04.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 560 (34.720 ден.)
04.08-14.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 560 (34.720 ден.)
14.08-24.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 560 (34.720 ден.)
24.08-03.09.2020 10 460 (28.520 ден.) 490 (30.380 ден.)
03.09-13.09.2020 10 390 (24.180 ден.) 420 (26.040 ден.)
13.09-23.09.2020 10 290 (17.980 ден.) 320 (19.840 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)