Калитеа – Вила Теа

You are currently viewing Калитеа – Вила Теа

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.

Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.

Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ https://goo.gl/maps/UL6BAvSBifr

 

Датуми 1/2+1 Triple room
21.05.2023 – 28.05.2023
28.05.2023 – 04.06.2023
04.06.2023 – 11.06.2023
11.06.2023 – 18.06.2023
18.06.2023 – 25.06.2023
25.06.2023 – 02.07.2023
02.07.2023 – 09.07.2023
09.07.2023 – 16.07.2023
16.07.2023 – 23.07.2023
23.07.2023 – 30.07.2023
30.07.2023 – 06.08.2023
06.08.2023 – 13.08.2023
13.08.2023 – 20.08.2023
20.08.2023 – 27.08.2023
27.08.2023 – 03.09.2023
03.09.2023 – 10.09.2023
10.09.2023 – 17.09.2023
17.09.2023 – 24.09.2023
24.09.2023 – 01.10.2023

 

Превоз

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • -Битола -(Спортска сала) – 40еур по лице
  • -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –45еур по лице
  • -Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
  • -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 45еур по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 45еур по лице

Деца од 2-11,99год -10еур попуст 

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (БП Макпетрол кружен тек)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

Gps: 40°4’35”N,23°26’50”E