Калитеа – Вила Јанис

Калитеа – Вила Јанис

Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн.

Плажата се  наоѓа на 200м одалеченост од самиот објект.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема можност за паркирање.  Најблиското место каде може да се  остави возилото е на 150м одалеченост и истото е  бесплатно. Сите соби се трокреветни, 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата .

Собите се со капацитет за сместување на 3 лица (мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители), а во некои од  собите има можност и за дополнително легло. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година.

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ   https://goo.gl/maps/UgQggKRvtTB2

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за рана разервација: 

Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата

-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.12.2019

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.01.2020

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 30% аконтација.

ВИЛА ЈАНИС – КАЛИТЕА
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќевања 1/3  (студио за 3 лица) Коментар
23.05-30.05.2020 7 69 Промо цена
30.05-06.06.2020 7 99 Промо цена
06.06-13.06.2020 7 149
13.06-20.06.2020 7 199
20.06-27.06.2020 7 239
27.06-04.07.2020 7 299
04.07-11.07.2020 7 309
11.07-18.07.2020 7 339
18.07-25.07.2020 7 379
25.07-01.08.2020 7 379
01.08-08.08.2020 7 379
08.08-15.08.2020 7 339
15.08-22.08.2020 7 319
22.08-29.08.2020 7 259
29.08-05.09.2020 7 199
05.09-12.09.2020 7 149
12.09-19.09.2020 7 109 Промо цена
19.09-26.09.2020 7 69 Промо цена

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон– 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп

Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените

*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,

*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител

*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТИМ Травел Битола

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 05:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
  • 07:00 h Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удовo
  • 06:00 h Скопје (Дрводекор)
  • 06:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
  • 07:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • 07:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
  • 08:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • 4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)
  • 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.