Каламитси – Вила ,,Vrahos”

Каламитси – Вила ,,Vrahos”

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.

Вилата „Vrahos“ се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив.

Во оваа вила располагаме со четирикреветни апартмани на прв и втор спрат со тераси  кои  имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети  имаат нов  квалитетен мебел и солидно опремени кујни (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило.

Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети имаат  постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг.

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години.

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

Вила „Vrahos” – Каламитси
Термин: Ноќевања: 1/4 апартман I спрат
20.05-30.05.2020 10 250 (15.550 ден.)
30.05-09.06.2020 10 350 € (21.700 ден.)
09.06-19.06.2020 10 450 (27.900 ден.)
19.06-29.06.2020 10 550 (34.100 ден.)
29.06-09.07.2020 10 680 (42.160 ден.)
09.07-19.07.2020 10 780 (48.360 ден.)
19.07-29.07.2020 10 780 (48.360 ден.)
29.07-08.08.2020 10 780 (48.360 ден.)
08.08-18.08.2020 10 780 (48.360 ден.)
18.08-28.08.2020 10 680 (42.160 ден.)
28.08-07.09.2020 10 550 (34.100 ден.)
07.09-17.09.2020 10 450 (27.900 ден.)
17.09-27.09.2020 10 350 (21.700 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)