Истанбул 2019

You are currently viewing Истанбул 2019

29 Декември (Сабота)

Состанок на групата во 16 00 часот на паркингот пред спортска сала Младост. Поаѓање за Турција во 16 30 часот, патот води преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30 Декември (Недела)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот – Ак Сарај, Римскиот Аквадукт, плоштадот Таксим… Можност за факултативна посета на една од најпознатите палати во Истанбул – Долма Бахче Сарај – првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк.  Денес е национален музеј, кој содржи уметничко – историски збирки од непроценливо богатство. Потоа се упатуваме кон Азискиот дел на градот. Посета на ридот Чамлиџе кој се наоѓа на 286 метри надморска височина, од каде се гледа целата панорама на Истанбул. Можност за одмор и кафе во еден од рестораните или кафетериите на ридот. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор и индивидуални активности (предлог посета на Капали чаршија). Факултативна групна посета на облакодерот ,,САФИР’’ највисоката зграда во Европависока 236 метри. Ќе се искачиме на самиот врв на зградата од каде се открива неверојатна глетка кон градот а исто така имате можност да направите прекрасни фотографии. Враќање во хотелот. Ноќевање.

31 Декември (Понеделник)

Појадок. Со трамвај се упатуваме во разглед на градот и можност за посета на најпознатите знаменитости на Истанбул : Аја Софија – Најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство (факултативно), Топ Капи Палатата – некогашно главно седиште на Османлиската империја, денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед (факултативно), базиликата Цистерна (факултативно), Хиподромот,  Сината џамија, Паркот Ѓулхан, Египетската чаршија…Предлагаме посета на плоштадот Таксим каде што се наоѓа и најпознатата улица во Истанбул а тоа е Истиклал. Таа е долга пешачка улица полна со сите видови продавници со познати турски и меѓународни брендови како и голем број на ресторани и кафулиња. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта факултативно организиран дочек на Новата 2019 година во национален ресторан , или на плоштад. Ноќевање.

01 Јануари (Вторник)

Појадок. Можност за факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на палатите и мостовите кои ги поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул, во време траење од 1,5 до 2 часа. Или посета на најразновидниот аквариум во светот ,,Florya’’. За крај ве водиме во шопинг центарот ,,Венеција Аутлет’’ – каде што ќе имате шанса да се возите во гондола низ каналите на овој шопинг центар.  Заминување за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија наредниот ден во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.390,00 ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Истанбул во хотел со 3*, на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед на Истанбул (Европски и Азиски дел) со локален водич и автобус
  • Професионален туристички придружник од агенцијата
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Новогодишна вечера во национлен ресторан за дочек на Нова Година 2019
  • Долма Бахче Сарај – 20 еур (влезница + локален водич)
  • Аја Софија – 17 еур , Топ Капи – 18 еур (влезници + локален водич)
  • Облакодерот ,,Сафир’’ – 20 еур (4D влезница + локален водич + превоз со автобус)
  • Аквариумот ,,Florya’’ – 20 еур
  • Крстарење со брод по Босфор – 20 еур
  • Доплата за трансфери со трамвај
  • Задолжително патичко осигурување

 

НАПОМЕНИ

  • Организатор на аранжманот е ТА Тим Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патници
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 120 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организатор го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред датумот на започнување
  • Организатот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалите или музеите
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата