Сивири – Хотел Jenny 3***

You are currently viewing Сивири – Хотел Jenny 3***

Сивири мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Во последните неколку години, тоа прерасна во развиена културна и туристичка дестинација. Во ова место, освен бројните сместувачки капацитети се наоѓаат и мноштво таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Главната културна атракција во Сивири, е обновениот амфитеатар познат и по својата врвна акустика. Со него и самото место, секое лето е домаќин на познатиот фестивал кој привлекува илјадници посетители. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок совршен за сончање, а на истата можат да се изнајмат и повеќе чадори и лежалки за одмор. Морето е плитко и идеално за безбедно капење. Во Сивири има доволно маркети и проавници, а најблиската банка, аптека и здравствен центар се оддалечени само 5км, во блиската Касандрија.

Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири.
Хотелот има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, WiFi интернет……
Хотелот располага со 37 соби:

Во собите: клима уред (вклучен во цената), ТВ, фрижидер и тоалет (за 2018 ќе бидат реновирани)
Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите.

1/4 (четирикреветна соба) стандард соба – еден брачен кревет и два единечни
1/4 дуплекс – еден брачен кревет во една соба и два единечни кревети во друга соба

Услуга

Полупансион – појадок и вечера на шведска маса
Појадок 08:00-10:00ч.
Вечера 19:00-21:00ч.

Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, детски базен, бар покрај базен (pool bar), snack бар, бежичен интернет (wi-fi), лежалки и чадори покрај базен, паркинг…

Хотелот особено го препорачуваме за фамилии со деца бидејќи располага со голема зелена површина и паркови, комотни соби, а морето е во непосредна близина.

10% попуст за направени резервации и 50% уплатени до 31.03.2021 

За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките за „Ковид 19“, кои се пропишани со указ на грчката влада, а кои се валидни и применливи за време на престојот

 

Цените се по ЛИЦЕ во € за 7 полупансиони
Прво и второ дете до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

период услуга цена за 1 лице
22.05 – 29.05 7 полупансиони 129
29.05 – 05.06 7 полупансиони 140
05.06 – 12.06 7 полупансиони 165
12.06 – 19.06 7 полупансиони 250
19.06 – 26.06 7 полупансиони 270
26.06 – 03.07 7 полупансиони 295
03.07 – 10.07 7 полупансиони 320
10.07 – 17.07 7 полупансиони 345
17.07 – 24.07 7 полупансиони 375
24.07 – 31.07 7 полупансиони 375
31.07 – 07.08 7 полупансиони 375
07.08 – 14.08 7 полупансиони 375
14.08 – 21.08 7 полупансиони 375
21.08 – 28.08 7 полупансиони 345
28.08 – 04.09 7 полупансиони 295
04.09 – 11.09 7 полупансиони 260
11.09 – 18.09 7 полупансиони 190
18.09 – 25.09 7 полупансиони 160

 

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба (плаќаат полна сума)
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Термините обележани со црвено  се промо цени и на нив не следува попуст
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Во цената Е вклучено:
  • 7 полупансиони (шведска маса)
  • Клима уред
  • Безжичен интернет
  • Користење отворен базен со слатка вода
  • Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
  • Детски дел во дворот на хотелот
  • Трошоци за организација на програмата
Во цената НЕ Е вклучено:
  • Превоз
  • Патничко осигурување (задолжително е да се има)
  • Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Напомена:
  • Цената е за минимум 2 платежни возрасни лица во соба,
    Цените се по лице и се однесуваат за услуга 7 полупансиони
  • Прво и второ дете до 13,99г. со 2 возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
  • Прво и второ дете 14-15,99г. со 2 возрасни на редовно легло по -70% од цената за 1 возрасен
  • Трет и четврт возрасен над 16 г., плаќаат по 50% од цената за 1 возрасен
  • Петто дете во соба од 0-8,99 години на дополнително легло плаќа по 10€ на ден
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Попустите не може да се комбинираат,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

                    

Време на поаѓање и цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја сабота):
  • 03:40 hШтип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 40€
    04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€
    04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија)35€
    05:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€
    05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€
    05:40 h Удово (бензинска Удово) 35€
    06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€ 
Време на поаѓање и цена по лице за превоз од Битола за Халкидики:
  • 05;00 h Битола (Градска Автобуска Станица) 30€
    04:15 h Прилеп (бензинска Салида) – трансфер до Битола 30€
    03:15 h Струга (Хотел Дрим) – трансфер до Битола 35€
    03:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – трансфер до Битола 35€
    03:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – трансфер до Битола 35€
    04.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – трансфер до Битола 30€
Попусти и доплати за деца
  • Деца од 2 до 11,99 г. попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
    Деца до 1,99 г.- бесплатно (не користи седишете во автобусот)
    Возрасно лица над 63 г. попуст 10€
Време на поаѓање од Сивири:
  • 13:30 h (локално време ) 
    (можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж