Геракини – Олеа Гарден

You are currently viewing Геракини – Олеа Гарден

Геракини е едно од најстарите туристички дестинации на Халкидики. На почетокот на вториот крак – Ситонија, Геракини нуди можност за прекрасен релаксирачки одмор. Песочните плажи, кристално чистото море на топлиот Медитеран и боровата шума која ја прекрива планината, идеалната клима, трудољубивоста на локалните жители го прават ова место одлично за одмор.

Хотелот се наоѓа во Геракини , во пријатно зеленило, оддалечен на само 2минути од плажа, во склоп на хотелот е реновиран ресоран од 2021год. Составен е од 9 бунгалови на два ката, од кои неколку се комплетно реновирани, во кои се сместени супериор собите. Собите се на приземје и на прв кат.

Супериор двокреветна соба (1/2) се состои од еден брачен кревет во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, тв, клима (вклучена во цената)
Супериор двокреветна соба (1/2+1) се состои од еден брачен и еден додатен кревет во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, Тв, клима (вклучена во цената) .
Фамилијарна соба (1/2+2) се состои од еден брачен и кревети на спрат во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, Тв, клима (вклучена во цената)

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

ПРОМО АРАНЖМАНИ: 

ПРВИТЕ ДВЕ СМЕНИ И ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ, СЕ ПРОМО ТЕРМИНИ И НЕ ПОДЛОЖАТ НА НИКАКОВ ПОПУСТ

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ РЕДОВНИ ЦЕНИ, БЕЗ ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ

Датуми DOUBLE Triple room Quadruple room
22.05.2022 – 29.05.2022
29.05.2022 – 05.06.2022
05.06.2022 – 12.06.2022
12.06.2022 – 19.06.2022
19.06.2022 – 26.06.2022
26.06.2022 – 03.07.2022
03.07.2022 – 10.07.2022
10.07.2022 – 17.07.2022
17.07.2022 – 24.07.2022
24.07.2022 – 31.07.2022
31.07.2022 – 07.08.2022
07.08.2022 – 14.08.2022
14.08.2022 – 21.08.2022
21.08.2022 – 28.08.2022
28.08.2022 – 04.09.2022
04.09.2022 – 11.09.2022
11.09.2022 – 18.09.2022
18.09.2022 – 25.09.2022

Капацитет:

  • Double superior  (1/2)– 2 возрасни + 1 бебе (0-1,99год)(не е дозволено дете над 2 години)
  • Double superior (1/2+1) – 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца (едно од 0-11,99год и второ од 0-1,99год)
  • Family room – (4 возрасни или 3 возрасни или 2 возрасни +2 деца до 11,99год)

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:

  • -Цените се дадени по лице за 7  ноќевања на база полупансион (појадок и вечера)
  • -Прво и второ дете до 11,99- БЕСПЛАТНО (во Фамилијарна соба-Quadruple room)
  • -Прво дете од 0-11,99год во Трокреветна соба – Бесплатно
  • -Второ дете од 0-1,99год во Трокреветна соба – бесплатно, спие со родители, нема baby cot
  • -Дете од 0-1,99 се сместува бесплатно – спие заедно со 2ца возрасни во Двокреветна соба, нема baby cot
  • -Трето возрасно лице во Трокреветна соба – Бесплатно
  • -Трето возрасно лице во Фамилијарна соба – Бесплатно
  • -Четврто возрасно лице во Фамилијарна соба – плаќа 7 еур на ден или 49еур за 7 ноќевања, и на оваа цена НЕ следува попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
  • -Доплата за туристичка такса – 1.5€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.

ОПШТИ УСЛОВИ

-За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
-За резервации направени на EARLY BOOKING, 50% уплата до наведениот датум погоре
-Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
-Сопственикот на хотелот го задржува правото при евентуално направена-причинета штета да изврши наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
-За овој аранжман важат општите услови на патување на Тим Травел, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
-т.а. „Тим Травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во хотелот.
-Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ситонија (секоја Недела)

    • -Скопје (сала Борис Трајковски) – 45еур по лице
    • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 55еур по лице
    • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45еур по лице
    • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ситонија:

  • -3:00 Битола (Градска Автобуска станица на перон, со транфер до Неготино)-65еур
  • -2:30 Прилеп (Лукоил, со транфер до Неготино) – 65еур

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините) и неможе да се комбинира со попустот за рана резервација