Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми.
Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.
Вилата располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат.
Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената.
Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Локација на објектот
https://goo.gl/maps/is2qeupaswF2
Вила „Bouzalis” – Неа Флогита | |||||||
Термин: |
Ноќевања: |
1/3 апартман |
1/4 апартман (без поглед) |
1/4 апартман улица |
1/5 апартман (море) |
1/6 дуплекс улица |
1/8 дуплекс (море) |
22.05-01.06.2020 | 10 | 8.680 ден (140 €) | 10.540 ден (170 €) | 12.400 ден (200 €) | 16.120 ден (260 €) | 17.360 ден (280 €) | 18.600 ден (300 €) |
01.06-11.06.2020 | 10 | 12.400 ден (200 €) | 14.260 ден (230 €) | 16.120 ден (260 €) | 22.320 ден (360 €) | 26.040 ден (420 €) | 29.140 ден (470 €) |
11.06-21.06.2020 | 10 | 16.120 ден (260 €) | 17.980 ден (290 €) | 19.840 ден (320 €) | 26.040 ден (420 €) | 29.760 ден (480 €) | 32.240 ден (520 €) |
21.06-01.07.2020 | 10 | 22.320 ден (360 €) | 24.180 ден (390 €) | 26.040 ден (420 €) | 32.240 ден (520 €) | 35.960 ден (580 €) | 38.440 ден (620 €) |
01.07-11.07.2020 | 10 | 27.280 ден (440 €) | 29.140 ден (470 €) | 31.000 ден (500 €) | 37.200 ден (600 €) | 40.300 ден (650 €) | 44.640 ден (720 €) |
11.07-21.07.2020 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 32.860 ден (530 €) | 34.720 ден (560 €) | 40.920 ден (660 €) | 44.640 ден (720 €) | 49.600 ден (800 €) |
21.07-31.07.2020 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 32.860 ден (530 €) | 34.720 ден (560 €) | 40.920 ден (660 €) | 44.640 ден (720 €) | 49.600 ден (800 €) |
31.07-10.08.2020 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 32.860 ден (530 €) | 34.720 ден (560 €) | 40.920 ден (660 €) | 44.640 ден (720 €) | 49.600 ден (800 €) |
10.08-20.08.2020 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 32.860 ден (530 €) | 34.720 ден (560 €) | 40.920 ден (660 €) | 44.640 ден (720 €) | 49.600 ден (800 €) |
20.08-30.08.2020 | 10 | 27.280 ден (440 €) | 29.140 ден (470 €) | 31.000 ден (500 €) | 37.200 ден (600 €) | 40.300 ден (650 €) | 43.400 ден (700 €) |
30.08-09.09.2020 | 10 | 21.080 ден (340 €) | 22.940 ден (370 €) | 24.800 ден (400 €) | 31.000 ден (500 €) | 34.100 ден (550 €) | 35.960 ден (580 €) |
09.09-19.09.2020 | 10 | 14.880 ден (240 €) | 16.740 ден (270 €) | 18.600 ден (300 €) | 24.800 ден (400 €) | 27.900 ден (450 €) | 29.760 ден (480 €) |
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)