Филип Втори Македонски 30 (Комплекс - БЕЗИСТЕН)   + 389 47 242 084   + 389 75 307 973 / 075 307 983       info@timtravel.mk

Белград 2020

Белград 2020

1.Ден 29.12.2019 (Недела)
Состанок со групата на старата автобуска во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 30.12.2019 (Понеделник)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален предновогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2019 (Вторник)
Појадок. По појадок посета  на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за  индивидуални активности. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта дочек на Нова Година на плоштад каде ќе имате можност да уживате во бројна музичка програма (организиран превоз до центар и назад). Ноќевање.

4.Ден 01.01.2020 (Среда )
Појадок. Одјавување од хотел. По појадокот факултативен излет до Нови Сад–  центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Цена: 90 еур / 5.600,00 мкд

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ

од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново) Велес, Скопје, Куманово

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз  со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција) 
  • Факултативен излет до  Нови Сад- 10 евра пријавување во агенција. Плаќање на лице место.
  • Влезници во културно/историски споменици

 

НАПОМЕНА !!!

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Тим Травел

Повеќе...

Close Menu