АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.
Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Вила Спирос се наоѓа на 300метри од плажа, на почетокот на Аг.Никитас (види мапа) во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м,rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.
- -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5еур на ден.
Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.
ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ https://goo.gl/maps/TtKYhD2GkMv
GPS координати: 38°47’20.6″N 20°36’49.7″E
Вила Спирос нема да работи вон сезона, само со термините наведени подоле во табелата.
Датуми | Studio 1/2 | Studio 1/3 | |
---|---|---|---|
14.06.2023 – 21.06.2023 | |||
21.06.2023 – 28.06.2023 | |||
28.06.2023 – 05.07.2023 | |||
05.07.2023 – 12.07.2023 | |||
12.07.2023 – 19.07.2023 | |||
19.07.2023 – 26.07.2023 | |||
26.07.2023 – 02.08.2023 | |||
02.08.2023 – 09.08.2023 | |||
09.08.2023 – 16.08.2023 | |||
16.08.2023 – 23.08.2023 | |||
23.08.2023 – 30.08.2023 | |||
30.08.2023 – 06.09.2023 | |||
06.09.2023 – 13.09.2023 |
Превоз
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
- -Битола (спортска сала)-55€ по лице
- -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -55€
- -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -60€ по лице
- -Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -70€ по лице
- -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -60€ по лице
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
Време на поаѓање за Лефкада:
- -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- -01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
- -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
-04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон) - -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
- -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
- -02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број НЕ може да се смести ПЛУС ЛИЦЕ
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
GPS:38°47’20.6″N 20°36’49.7″E