Филип Втори Македонски 30 (Комплекс - БЕЗИСТЕН)   + 389 47 242 084   + 389 75 307 973 / 075 307 983       info@timtravel.mk

8-Ми Декември во Сараево

8-Ми Декември во Сараево

1 ДЕН (06.12.’19 – петок) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 17.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 18.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (07.12.’19 – сабота) : САРАЕВО Пристигнување во Сараево во попладневните часови, со попатна посета на Мокра Гора и „Дрвениот Град“ на Емир Кустурица, Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање.

3 ДЕН (08.12.’19 – недела) : САРАЕВО Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, Врело Босне, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот… Вечерта – факултативна посета на Национален Ресторан или во ресторанот на самиот хотел со комплетно мени и програма. Ноќевање.

4 ДЕН (09.12.’19 – неделa) : САРАЕВО Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за шопинг – посета на најголемиот трговски центар ББТ или Баш Чаршија…Планирано поаѓање за Македонија во пладневните часови, патот води Вишеград, Ужице, Краљево…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.190,00 денари

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Сараево со стручен водич, 2 НП во Сараево хотел со 4* (хотел “HOLYWOOD”), посета на Мокра Гора, посета на Вишеград, организација, водство и реализација на аранжманот.

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Вечера во Национален Ресторан – 20 € по лице.

НАПОМЕНА : За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 01.12.2019 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ЈК Травел и СКТМ.

Повеќе...

Close Menu