Милано – Торино – Лугано – Верона

You are currently viewing Милано – Торино – Лугано – Верона

1 ДЕН (29.12.’18 – сабота) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот…патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.’18 – недела) : МИЛАНО Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.’18 – понеделник) : МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019.ГОДИНА !!! Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.’19 – вторник) : МИЛАНО – ТОРИНО Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), главниот град на покраината Пиемонт…лежи на реката По, а познат е и како “најидустрискиот“ град во Италија, кој е седиште на светски познатите автомобилски компании Fiat, Lancia i Alfa Romeo…беше седиште на фамилјата Савоја и е познат по 18-километарските аркади кои датираат од 1500.година, изградени за да овозможат непречена прошетка на кралот и неговата свита…прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино…во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета…се упатуваме кон центарот на градот, кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – симболот на Торино, највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри (со панорамска тераса на висина од 85 м.), доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија…на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано во касните попладневни часови…Ноќевање.

5 ДЕН (02.01.’19 – среда) : МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

6 ДЕН (03.01.’19 – четврток) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :           11.190,00 денари. (181 €)

                                                         10.590,00 денари. (171 €) – за УПЛАТА до 20.11.2018 !!!

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 3 Н/П во хотел со 4*(UNA Hotel MALPENSA; www.gruppouna.it/en/unahotels/unahotels-malpensa) , разглед на Милано со стручен водич, посета на Верона, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,  патничкото осигурување (150,00 ден.-по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Посета на Лугано – 20 € по лице (минимум 25 лица) – препорака!, крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!,  посета и разглед на Торино – 25 € по лице (минимум 30 лица) – препорака!

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.12.2018

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТИМ ТРАВЕЛ