Белград – Нови Сад 2019

You are currently viewing Белград – Нови Сад 2019

1.Ден 29.12.2018 (Сабота)-Состанок со групата во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 30.12.2018 (Недела)- Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Калемегдан, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијаа итн..Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален предновогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани итн. Во договорено врем враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2018 (Понеделник)- Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад, разглед на градот и Петроварадинската тврдина. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време поаѓање за трговски центар Инџија. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта дочек на Нова Година на плоштад каде ќе имате можност да уживате во бројна музичка програма (организиран превоз до центар и назад). Ноќевање.

4.Ден 01.01.2019 (Вторник )- Појадок. Одјавување од хотел. Посета на трговски центар Ушче. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 6.190 мкд

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2018–>5.900 мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација
  • Туристички придружник
  • Разглед на Белград со локален водич
  • Разглед на Нови Сад со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Влезници во културно/историски споменици
  • Факултативен излет до Нови Сад-15 еу

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот се потребни 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.