Вилата „Evgenia“ се наоѓа на само 20 метри од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња.
Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба. Во овој момент целосно е готов апартманот бр. 3. Апартманите бр.1 и бр.2 сеуште се опремуваат со нов мебел и фотографиите од нив ќе можете да ги погледнете откако ќе бидат целосно завршени.
Локација на објектот
https://goo.gl/maps/Avuq7D1LmKfRQGiu7
-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019
Вила „Evgenia” – Јерисос | |||
Термин: | Ноќевања: | 1/2+2 апартман | 1/5 апартман дуплекс |
26.05–05.06.2020 | 10 | 250 € (15.500 ден.) | 350 € (21.700 ден.) |
05.06–15.06.2020 | 10 | 300 € (18.600 ден.) | 400 € (24.800 ден.) |
15.06-25.06.2020 | 10 | 400 € (24.800 ден.) | 500 € (31.000 ден.) |
25.06-05.07.2020 | 10 | 450 € (27.900 ден.) | 600 € (37.200 ден.) |
05.07-15.07.2020 | 10 | 500 € (31.000 ден.) | 650 € (40.300 ден.) |
15.07-25.07.2020 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
25.07-04.08.2020 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
04.08-14.08.2020 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
14.08-24.08.2020 | 10 | 550 € (34.100 ден.) | 700 € (43.400 ден.) |
24.08-03.09.2020 | 10 | 500 € (31.000 ден.) | 600 € (37.200 ден.) |
03.09–13.09.2020 | 10 | 400 € (24.800 ден.) | 500 € (31.000 ден.) |
13.09-23.09.2020 | 10 | 300 € (18.600 ден.) | 400 € (24.800 ден.) |
- – Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- – Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- – Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос
- – Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- – Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)