Уранополис – Вила ,,Thanos”

Уранополис – Вила ,,Thanos”

Небесниот  Град… тоа е  капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност… до скоро речиси целосно  изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи…Старата кула од Византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Од овде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по  прекрасните  плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани – единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach… Привилегија е да летувате во Уранополис, во местото во кое владее апсолутен мир, дестинација која досега беше позната само по хотелите кои се изградени надвор од градот.

Во нашата понуда за сезоната Лето 2020 повторно ја имаме вилата „Thanos“ што се наоѓа на самиот влез во  градот, со студија и апартмани кои имаат преубав поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните острови, опремени со мини кујни, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од најубавата плажа е оддалечена околу 300 метри.

Напомена: Сите сместувачки капацитети се во фаза на реновирање и ќе бидат готови за новата сезона. Фотографиите кои се сега поставени се од нереновирани студија и апартмани.

 

-15 % попуст за целосна уплата до 31.01.2020

Вила „Thanos” – Уранополис
Термин: Ноќевања: 1/2 студио  

(приземје)

1/4 студио

(приземје)

1/4+1 апартман (море)  1/3 студио

(море)

1/4 апартман

(позади)

26.05-05.06.2020 10 150 € (9.300 ден) 200 € (12.400 ден) 300 € (18.600 ден) 250 € (15.500 ден) 200 € (12.400 ден)
05.06-15.06.2020 10 200 € (12.400 ден) 300 € (18.600 ден) 400 € (24.800 ден) 350 € (21.700 ден) 300 € (18.600 ден)
15.06-25.06.2020 10 250 € (15.500 ден) 350 € (21.700 ден) 450 € (27.900 ден) 400 € (24.800 ден) 350 € (21.700 ден)
25.06-05.07.2020 10 300 € (18.600 ден) 400 € (24.800 ден) 500 € (31.000 ден) 450 € (27.900 ден) 400 € (24.800 ден)
05.07-15.07.2020 10 400 € (24.800 ден) 500 € (31.000 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден) 500 € (31.000 ден)
15.07-25.07.2020 10 450 € (27.900 ден) 550 € (34.100 ден) 650 € (40.300 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден)
25.07-04.08.2020 10 450 € (27.900 ден) 550 € (34.100 ден) 650 € (40.300 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден)
04.08-14.08.2020 10 450 € (27.900 ден) 550 € (34.100 ден) 650 € (40.300 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден)
14.08-24.08.2020 10 450 € (27.900 ден) 550 € (34.100 ден) 650 € (40.300 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден)
24.08-03.09.2020 10 400 € (24.800 ден) 500 € (31.000 ден) 600 € (37.200 ден) 550 € (34.100 ден) 500 € (31.000 ден)
03.09-13.09.2020 10 300 € (18.600 ден) 400 € (24.800 ден) 500 € (31.000 ден) 450 € (27.900 ден) 400 € (24.800 ден)
13.09-23.09.2020 10 220 € (13.640 ден) 300 € (18.600 ден) 400 € (24.800 ден) 350 € (21.700 ден) 300 € (18.600 ден)

 

  • – Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00    часот по локално време
  •             –  Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • – Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Уранополис
  • – Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • – Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)