Неи Пори – Вила Магас

Неи Пори – Вила Магас

Вилата Магас се наоѓа на 150м од песочната плажа, во убаво уреден двор.

Villa Maggas се наоѓа веднаш до вилата Анастасиос во Неи Пори. Објектот располага со неколку студија и апартмани, пространи и одлично опремени со тоалет и туш, кујна, ТВ и клима уред, како и балкон односно тераса. Апартманот е со две посебни соби со одвоена кујна и тоалет. Внатрешната организираност и тивкиот престој е императив за мирен и убав одмор. Особено е препорачлива за фамилијарни луѓе кои посакуваат мирен и тивок одмор, а секако и за оние кои се во години и од одморот навистина очекуваат мирни и пријатни мигови под сенките на дрвјата во дворот. Близината на супермаркетот од само неколку метри е идеална можност за во текот на престојот.

Вилата е на високо приземје и кат. Во близина на вилата се наоѓаат два мини маркети.


Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Употребата на клима уред во MAGGAS е бесплатна (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
  • * Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • * Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
  • * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
    Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
  • * Цените се објавени во Travel Info бр.102, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2020 година, или до објава на нов ценовкик. 
  • * Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. 
  • – Доплата на аранжманот се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
  • * При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
  • * Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
  • * При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
  • Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Легенда:
DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.